Зошто продаваме реклами,
а не резултати од пребарување.
Во свет во кој навидум сѐ има цена, зошто огласувачите не може да купат подобро место во резултатите од пребарување?
Одговорот е едноставен. Веруваме дека треба да може да верувате во тоа што ќе го најдете преку Google. Од самиот почеток, нашиот пристап за пребарување е да се обезбедат најрелевантните одговори и резултати за нашите корисници.
Резултатите од пребарувањето на Google земаат предвид кој се поврзува со страницата, а исто така и колку се важни содржините на страницата за вашето пребарување. Нашите резултати го отсликуваат она што онлајн заедницата смета дека е важно, а не што ние или партнерите мислиме дека треба да видите.
Иако сметаме дека релевантните реклами може да се корисни за резултатите од пребарувањето, не сакаме да ве збуниме за тоа што е што.
Секоја од рекламите на Google е јасно обележана и одделена од резултатите од пребарувањето. Иако огласувачите може да платат повеќе за нивните реклами да се прикажуваат погоре во делот за рекламирање, никој не може да купи подобро место во резултатите од пребарувањето. Освен тоа, рекламите се прикажуваат само ако се релевантни за зборовите што сте ги впишале за пребарување. Тоа значи дека гледате само реклами што се всушност корисни.
Некои онлајн-услуги не мислат дека разделувањето на резултатите од пребарување и рекламите е многу важно.
Ние мислиме дека е.